За училиштето
Дознајте повеќе информации за нашето училиштеУчилишната зграда во Ново Село е изградена 1975 година и истата е приклучена на водоводна и канализациона мрежа, и има сопствено парно греење. Таа се наоѓа во близина на асфалтниот пат јужно од течението на реката Новоселка на улицата Климент Охридски бр. 4.
Во рамките на ова основно училиште работат уште осум подрачни училишта: П.У. Ново Коњарево (со двор од 700м2, три училници, канцелариска просторија, мало асфалтирано игралиште и реконструиран кров, реконструирана инсталација, реконструиран санитарен јазол), П.У. Самоилово (со училишен двор од 2000м2, со две училници, канцеларија и други помошни простории, реконструиран санитарен јазол), П.У.Старо Коњарево (со двор од 90м2, три училници, канцеларија, реконструиран санитарен јазол) , П.У. Дражево (со училишен двор од 60м2, две училници, канцеларија и други помошни простории), П.У. Смолари (со реконструирана училишна зграда, со училишен двор од 1000м2, три училници, канцеларија и други помошни простории), П.У. Зубово (со училишен двор од 880м2, три училници, една канцеларија и други помошни простории), П.У. Сушица (со двор од 600м2, шест училници, канцеларија и други помошни простории). Споменатите подрачни училишта се затоплуваат со помош на огревно дрво.
